Репрезентацијата на Словенија со победа го започна настапот на Европското првенство и во првиот дуел на турнирот славеше против Македонија со 27:25.
Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш после натпеварот ги кажа своите впечатоци од играта на неговите избраници и противникот.
„Благорадам на Македонија за добриот натпревар, беше навистина тешко за нас денеска. Тие играа многу добро и беше тешко, ние покажавме нервоза но и дека имаме добар тим. Зборувавме за балканско дерби и знаевме дека ќе биде тешко. Задоволен сум од двата бода на првиот меч. Игралите покажаа добра енергија, се бореа заедно. Немавме добра екикасност пред противничкиот гол и мислам дека тоа беше единствената слабост во нашата игра. Им посакувам на Македонците среќа на наредните натпревари, а ние ќе се обидеме да бидеме уште подобри“, рече Врањеш.
Исто така и Блаж Јанц беше задоволен од победата на првиот натпревар, но и не целосно од играта на својот тим.
„Не одигравме најдобро на овој натпервар, но секогаш првиот меч е тежок. Сепак на карјот ги освоивме двата бода, тоа е најважното. Беше малку изненадувачки за нас бидејќи се подготвуваме за игра против Лазаров, но на крај тој не играше. Македонија е добра екипа, имаат нова генерација, Лазаров е нов тренер и покажа како Македонија ќе игра во иднина“, рече Блаж Јанц.
Словенија во второто коло ќе има голем предизвик и многу тешка задача да стигне до втората победа кога противник ќе им биде селекцијата на Данска. Овој натпревар е на програмата во сабота со почеток од 20:30 часот.