Словенија со Ана Грос за двомечот со Македонија, Аџиќ повика и три дебитантки

Откако селекторот на Македонија, Љубомир Савевски го објави списокот за двомечот со Словенија тоа го направи и словенечкиот селектор Драган Аџиќ.

Аџиќ за натпреварите со нашата селекција во составот повика три нови имиња. За првпат на подготовките со репрезентацијата на Словенија повикани се Блажка Хауптман, Тајда Трипковиќ и Урша Урбанчич.

Ја нема повредената Барбара Лазовиќ, но тука е главниот стрелец Ана Грос, која игра заедно со Сара Ристовска во ЦСКА Москва.

Список на Словенија:

Ана Абина – лев бек (Млинотест Ајдовшчина)
Анеја Бегановиќ – пикер (Лублин)
Нуша Фегиќ – среден бек (Млинотест Ајдовшчина)
Тија Гомилар – десно крило (Крим Меркатор)
Ана Грос – десен бек (ЦСКА Москва)
Блажка Хауптман – среден бек (Литија)
Ема Хрватин – лев бек (Цвикау)
Манца Јурич – лево крило (Крим Меркатор)
Валентина Тина Клеменчич – пикер (Крим Меркатор)
Манца Коговшек – лево крло (Литија)
Петра Крамар – лево крило (Крка Ново Место)
Наташа Љепоја – пикер (Крим Меркатор)
Ника Матавж – среден бек (Вупертал)
Доминика Мрмоља – десен бек (Дунајварош)
Елизабет Оморегие – среден бек (ЧСМ Букурешт)
Амра Панџиќ – голманка (Баја Маре)
Маја Светик – лево крило (Крим Меркатор)
Тајда Трипковиќ – голманка (Птуј)
Урша Урбанчич – десно крило (Браник Марибор)
Маја Војновиќ – голманка (Шиофок)
Урша Зелник – пикер (Млинотест Ајдовшчина)
Нина Зулиќ – среден бек (Глорија Бистрица)

Првиот натпревар со Словенија е закажан за на 3 март во Целје, додека три дена подоцна се игра реваншот во Борис Трајковски.