Ракометарите на Словенија имаа добро издание и сигурно ги започнаа квалификациите за пласман на Олимписките игри во Токио откако во првото коло од групата 3 го совладаа Алжир со 36:28.
Словенците без поголеми проблеми стигнаа до планираната победа, но допрва им претстои вистинска борба за пласман во Токио. Во групата која се игра во Берлин уште се и Шведска и Германија.
На дуелот против Алжир репрезентативците на Словенија имаа целосна контрола на натпреварот. Уште по првото полувреме имаа одлично водство од 17:11 кое на крајот се покажа доволно за конечен триумф.
Во вторите 30 минути Словенија рутински одигра и ги освои првите бодови во олимписките квалификации. Најефикасен во тимот на Словенците беше Драган Гајиќ со шест погодоци, а пет гола постигна Блаж Јанц. Во екипата на Алжир, Месуд со седум гола беше прв стрелец.