Репрезентацијата на Словенија доживеа големо разочарување во баражот за Светското првенство во кој беше елиминирана од Србија. По ваквата елиминација капитенот на Словенците Јуре Доленец зборуваше за можен крај со настапите за репрезентацијата.
Доленец самиот не беше на потребното ниво и во двата натпревари против Србија постигна само еден гол, а имал проблеми и со коленото.
„Тешко е да се каже нешто паметно, не прикажавме игра каква што треба да играме, не го искористивме нашиот потенцијал. Поразот е навистина болен, ова е едно од моите најголеми разочарувања во репрезентативната кариера. Ќе мораме да размислиме добро, ќе видиме што ќе донесе иднината. Доколку добијам повик би сакал да одговорам. Со играта во овие два натпревари дадов причина зошто да не бидам повикан и ќе знам зошто е така ако тоа се случи“.
Здравствените проблеми во изминатите три месеци оставија трага на играта на Доленец.
„Најлошо е што чувствувам дека можам, а потоа ќе дојдат натпреварите и имам проблем. Сега морам да размислам. Во една прилика кажав дека се додека играм професионално ракомет ќе стојам на располагање на репрезењнтацијата и на селекторот е да одлучи дали сум потребен или не. За мене играњето за репрезентацијата е еден вид граѓанска должност, но кога резултатите се такви како што се сите се разочарани“, изјави 33-годишниот Доленец кој по пет години поминати во Барселона потиша за Лимож од Франција.