На Светското првенство за жени во Шпанија кое ќе се игра во декември, репрезентацијата на Словенија ќе патува ослабена бидејќи Барбара Лазовиќ доживеа повреда.
Поранешниот десен бек на Вардар, а сега ракометарка на ЧСМ Букурешт заради тешка повреда на коленото нема да може да и помогне на својата репрезентација во наредниот период.
Светското првенство ќе се одржи од 1 до 19 декември на кое за првпат ќе настапат 32 репрезентации. Словенија има многу тешка група и ќе игра против Франција, Ангола и Црна Гора, а Лазовиќ сигурно многу ќе недостасува во својата репрезентација.
Барбара Лазовиќ долго играше за Вардар, во периодот од 2014 до 2018 година и беше дел од најголемите успеси на клубот. Потоа настапуваше и за Будуќност и ЧСМ Букурешт.