Кандидатите за висок пласман и на Мундијалот во Египет, репрезентативците на Словенија покажаа дека можат да се вратат од секаква ситуација откако денеска на дуелот против Холандија успеаја да дојдат до победа од 34:23 во дуел со две различни полувремиња.
Словенците имаа тешко прво полувреме во кое долго време ја бараа играта која е потребна за да успеат да стигнат до позитивен резултат. Имаа полувреме во кое беше тешко да се одигра односно први 30 минути во кој Холандија имаше и позитива од три гола.
На одмор беше 15:14 во корист на Холанѓаните, но овој гол негатива им даде само инспирација на Словенците за продолжението од средбата кога влегоа во вторите 30 минути со далеку посилно темпо.
За само шест минути игра во второто полувреме Словенија дојде до 20:15 и тука веќе го сврте натпреварот во своја корист така што немаше проблеми во продолжението за да се дојде до уште подобар резултат.
Предноста се зголемуваше без проблеми постојано и во ниту еден момент не дојде во прашање победникот туку само разликата со која Словенија ќе дојде до триумф на ова гостување кое се очекуваше да биде многу потешко.
Јуре Доленец и Блаж Јанц беа најефикасни со по седум гола, додека по петпати прецизни беа Гајиќ и Цингесар. Поранешниот вардарец, Сташ Скубе кој се врати во националниот тим погоди само еднаш. Во редовите на Холандија Кај Смит со осум гола беше убедливо најефикасниот.