Словенечки репрезентативец го замени Нексе за клуб од Швајцарија

Репрезентативецот на Словенија, Миха Кавчич во понатамошниот тек од сезоната ќе го носи дресот на клубот од Швајцарија, Кројцлинген.

Минатата сезона Кавчич ја мина во редовите на хрватскиот вицепрвак Нексе од Нашице. Словенецот, кој игра на позиција пикер, во новиот клуб ќе биде замена за повредениот Мануел Зелер.

Младиот ракометар во својата кариера настапуваше и за екипата на Горење. Во минатата сезона во дресот на Нексе постигна осум погодоци во натпреварите од Лига на Европа.

Екипата на Кројцлинген моментално се наоѓа на 10. позиција во шампионатот на Швајцарија и на седум одиграни натпревари не успеа да освои ни бод.