Ракометарот кој летото се пресели во Барселона, Словенецот Домен Макуц нема да може да им се придружи на колегите во следните десет дена и ќе го пропушти натпреварот од 7. коло од Лигата на шампионите.
Макуц беше на собир со репрезентацијата на Словенија и беше еден од позитивните при тестирањето за Ковид 19.
Поради ова мора десет дена во изолација, а со оглед на тоа што позитивниот тест беше во Словенија мора да остане дома пред да добие дозвола да се врати на клупските обврски во Барселона.
Процедурата вели дека ќе мора да биде тестиран уште еднаш после поминувањето на десетдневната изолација и доколку тестот биде негативен ќе му биде дозволено да се врати во Барселона.