Повремениот репрезентативец на Словенија, Патрик Лебан по една сезона мината во бундеслигашот Ерланген, реши да го напушти тимот, кој во минатата сезона заврши на 13. позиција во најквалитетната лига на светот.
Средниот бек од Словенија со Ерланген имаше договор на уште една сезона, но двете страни спогодбено се договорија за прекин на соработката.
Лебан во Ерланген пристигна од редовите на Целје, клуб во кој играше две сезони, 2019/20 и 2020/21. Во двете споменати сезони со словенечкиот тим учествуваше во Лигата на шампионите и беше меѓу најдобрите стрелци во редовите на Целје.
Искусниот ракометар во својата кариера настапуваше и за екипите на Нексе од Нашице, Рико Рибница и Крка. Со репрезентацијата на Словенија настапи на Европското првенство во 2018 година.