Словачката ракометна федерација денеска донесе одлука дека се поништуваат сите одиграни натпревари оваа сезона во сите конкуренции.
Шампиони нема да бидат прогласени, а нема да има ниту испаѓање и промоција во повисок ранг.
Единствено што останува да се игра е завршниот турнир во Купот на Словачка, кој е презакажан за крајот на август.
Поради коронавирусот, досега завршија првенствата во Шведска, Норвешка, Белгија, Холандија, Словенија, Полска и Луксембург, а во дел од државите завршија само дел од шампионатите.