Словачка на чекор до СП, ja победи Белгиja во првиот меч

Ракометарите на Словачка остварија тешка победа на домашен терен против репрезентацијата на Белгија од 28:26 во првиот бараж дуел за пласман на Светското првенство.

Белгија беше подобар противник во првото полувреме и тоа го круниса до добра предност на паузата. Белгијците иако губеа во 20. минута со 10:8 до крај на полувремето не им дозволија на противниците да постигнат гол и после 30 минути водеа 10:14.

Во продолжението Словачка тешко го кршеше отпорот на Белгијците, околу средината на вториот дел домаќините успеаја да поведат после подолго време и до крај сепак да стигнат до победа. Словачка на гостувањето во Белгија ќе патува со два позитива и ќе има тешка задача, но само еден меч ja дели од СП.

Најефикасен во составот на Словачка беше Томас Урбан со осум погодоци, додека Дервиш Бирдахиќ постигна шест гола. Во репрезентацијата на Белгија, Серге Спорен беше прв стрелец со седум гола, а четири постигна Ван Косен.