Германскиот шампион Борусија Дортмунд има тежок распоред во Бундес лигата и во Лигата на шампионите, па многубројните патувања ги принудија да направат еден несекојдневен потег.
Тие отпатува на натпревар од елитното натпреварување против Ростов Дон утринава во 06:00 часот од Дортмунд, а околу 10:30 часот би требало да слетаат во рускиот град.
Нивниот натпревар против силниот Ростов Дон започнува од 16:00 часот, па ако сметаме дека е потребно време и за аеродромски процедури и за пат до салата во која ќе се одигра мечот, очигледно тие ќе имаат едвај два часа за одмор пред натпреварот.
„Дома ќе се вратиме околу 05:00 часот наутро во недела, а тој ден ќе го искористиме за одмор“, велат од германскиот клуб.
Ростов Дон е прв на табелата во групата А со шест бода на четири меча, додека германскиот првак изненадувачки со Есбјерј го дели третото место со пет бода од четири натпревари.