Пролетниот дел од сезоната ќе донесе и паузи во првенството бидејќи вообичаено во овој дел од шампионатот се случува да има репрезентативни активности, а веќе е познато и кога ќе следуваат тие натпревари.
Во машка конкуренција првата пауза ќе биде од 13 до 19 април, а потоа откако ќе финишира сезоната следува уште една ЕХФ недела која е планирана од 1 до 7 јуни.
Кај дамите првата пауза ќе трае пола месец. Таа ќе трае од 16 до 29 март, додека после ова ќе следува уште една ЕХФ недела и тоа од 25 до 31 мај.
Додека кај мажите уште не е познато кои натпревари кога би се играле во рамки на ЕХФ неделите, кај дамите се знае и каков е распоредот на средбите. Во март Македонија прво ќе гостува кај Португалија, а потоа ќе игра на домашен терен со истата селекција. На крајот од мај ќе следува натпревар на домашен терен против Шведска и гостување во Чешка.