Машката младинска селекција на Македонија ќе разигрува за пласман од петтото до осмото место на ЕХФ шампионатот во Варна во источниот сосед.
Избраниците на Бранко Ангеловски беа на четвртото место во групата Б, па затоа ќе вкрстат со третопласираната селекцијата од групата А, Луксембург.
Доколку слави на овој дуел, Македонија ќе игра за петто место со победникот од дуелот меѓу Украина и Велика Британија, доколку загуби ќе игра со поразениот од тој дуел за седмо место.
Натпреварот меѓу Македонија и Луксембург се игра в сабота со почеток во 11:30 часот, додека за в недела термините се 9:30 и 12:00 часот, во зависност од тоа за кое место ќе играме.