Амбициозната екипа на Слатина од Романија означи старт на подготовките за новата натпреварувачка сезона 2023/24.
Во прволигаш, кој посакува експресен камбек во најквалитетното романско натпреварување, ќе настапуваат две репрезентативки на Македонија.
Станува збор за голманката Јована Мицевска и искусното лево крило Јована Саздовска. Двете ракометарки присуствуваа на првата прозивка на новиот тренер Атила Хорват.
Мицевска во Слатина ќе го има вториот интернационален предизвик по настапите за Ница, додека Саздовска веќе неколку сезони настапува во Романија.
Слатина минатата сезона со буџет од околу 900.000 евра не успеа да обезбеди опстанок во суперлигашката конкуренција.