Европската ракометна федерација вчера ги откри тимовите што ќе играат во новата сезона во Лигата на шампионите.
Надвор од игра останаа тимови како Висла Плоцк, Динамо Букурешт, Адемар Леон…а шанса доби норвешкиот првак Елверум, кој лани имаше само епизодна улога.
Иако годинава се засилија со Лук Абало, се очекува да биде ист случајот и оваа сезона.
Заминаа десет ракометари од лани, меѓу кои и најдобриот стрелец – Сигвалди Гудјонсен, па тешко ќе имаат шанси против тимови како Барселона, Веспрем, Вардар, ПСЖ…
Погледнете како славеа Норвежаните, кога прочитаа на сајтот на ЕХФ дека добиле место во елитното натпреварување.