Словенечкото лево крило Симон Разгор и седма сезона по ред ќе ги брани боите на Мешков Брест.
Разгор во белорускиот шампион стигна во 2014 година и досега одигра 273 натпревари, а постигна 584 погодоци.
Со Мешков Брест освои три медали во СЕХА лигата (едно сребро и две бронзи), четири титули во Купот на Белорусија и шест титули во шампионатот.
Вардарецот Сташ Скубе кој потпиша договор на две години со белорускиот тим, заедно со Разгор и Јака Малус ќе формира словенечко трио.