Во последните денови сè повеќе ракометари го напуштаат белорускиот шампион Мешков Брест кој е исклучен од Лигата на шампионите. Претходно си заминаа Павел Пачковски, Јака Малус и Баптист Бонфон, а сега им се приклучи и Сташ Скубе.
Словенечкиот репрезентативец има договор со Келце од лето кој е со важност од три години. Бидејќи порано од предвиденото си замина од Мешков Брест, Скубе е во потрага по нов клуб во кој ќе ја заврши тековната сезона пред да се прклучи на новиот клуб на лето, пишува „ЕМ Келце“.
Откако се приклучи на репрезентациајта на Словенија за бараж дуелите со Италија кои Словенците ги добија со 29:28 и 28:21, Скубе не се врати во Брест. Во меѓувреме белорускиот тим играше дерби во домашното првенство со Ска Минск и го доби со 30:27.
Сташ Скубе беше дел од Вардар во периодот од 2018 до 2020 година и даде огромен приднес во освојување на еврпската шампионска титула во 2019 година. Тој кариерата ја започна во Тримо Требње, а потоа играше уште во Горење, Пик Сегед и Мешков Брест. Можеби Словенецот сезоната ќе ја доигра во некој од неговите поранешни клубови.