Средниот бек на Вардар, Сташ Скубе, за словенечкиот „Дело“ потврди дека нема да игра на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка на почетокот на јануари.
Организаторот на играта се најде на списокот од 28 играчи на Урош Зорман пред ЕП, но Скубе бидејќи сметал дека нема биде повикан за настап, веќе си направил други планови за јануари.
„Бидејќи не мислев дека Вујовиќ ќе добие отказ и сметав дека нема да ме повика за ЕП, направив други планови за јануари, за кои не можам да зборувам конкретно. Можам само да кажам дека 99,9% нема да играм на ЕП. Ние сме силни на средната бековска позиција и тоа нема да биде катастрофа“, вели Скубе.
Словенија, која утре ќе го добие новиот селектор, е во групата Д на ЕП која што ќе се игра во Малме, заедно со домаќинот Шведска, Швајцарија и Полска.