Словенечкиот интернационалец Сташ Скубе по заминувањето од Скопје паузата ја минува во татковината.
И кога беше во македонската метропола, во повеќе наврати покажа дека е мајстор за правење и ужива додека прави скара, а титула „Крал на скарата“ доби во Словенија.
Скубе на средината на јули ќе треба да се појави на првиот тренинг на новиот клуб Мешков Брест, со кој потпиша договор на две сезони.