После 13 порази ракометарите на Скопје 2020 денеска дојдоа до првата победа во деби сезоната во Супер машката лига откако денеска го совладаа тимот на Радовиш со 27:23.
Ракометарите на Скопје 2020 успеаја да го одработат она што се очекуваше од нив и да дојдат до триумф откако во поголемиот дел од средбата беа во предност и имаа контрола. Иако радовишани покажаа дека знаат како треба да парираат односно да бидат постојано во игра, сепак, недостигаше нешто за да можат да се изборат и за подобар резултат.
Домашните први направија плус три и имаа 7:4. Ја одржуваа разликата до 10:7 во 21. минута, а потоа примија четири гола и влегоа во негатива. На одмор резултатот беше 11:12 што беше најава за второ полувреме во кое ќе мора да се одигра на едно уште повисоко ниво.
Екипата на Скопје подобро го отвори и второто полувреме и тоа со 3:0. Одново имаше предност која постојано се зголемуваше. Предноста беше главно 2-3 гола. Се играше трпеливо и се бараше шанса за гол, а тоа беше добро сработено од страна на домашниот состав.
Скопје не доволи тимот на Радовиш да се доближи одново и да се искомплицираат работите така што постојано беше со контрола на играта и на резултатот. Гостите најмногу се доближија во финишот. Во 57. минута резултатот беше 24:23, а тогаш за три минути беше решено сè и домашните ги освоија бодовите со триумф од 27:23 што конечно им донесе радост.
Дебитантот во Супер машката лига конечно успеа да стигне до триумф во најсилното натпреварување на домашна сцена и сега веќе нема екипи без бодови.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА