Еден од помладите суперлигаши во Македонија, тимот на Скопје денес ги започна подготовките за пролетниот дел на сезоната 2022/23.
Тренерот Горан Кузманоски на денешната прозивка на своите избраници им ги соопшти плановите за подготвителниот период.
Амбициите на клубот се опстанок во суперлигашкото друштво. Минатата сезона, ракометарите на Скопје преку бараж натпревар обезбедија опстанок во македонската елита.
Скопје ќе игра во плеј-аут фазата и ќе се бори да го задржи суперлигашкиот статус. Тимот на Кузманоски ќе игра против екипите на Голден Арт, Струга, Прилеп, Куманово, Радовиш, Јуниор КВ и Вардар Неготино.
Ракометарите на Скопје во плеј-аут фазата ќе пренесат 2 бода и борбата за опстанок ќе ја стартуваат со натпревар против екипата на Струга.