Скопје среќно за црногорските лавици: Победа против Романија вредна полуфинале! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

15.11.2022 EHF EURO2022 ROMANIA vs MONTENEGRO

По третиот натпреварувачки ден во главната фаза, во Скопје се познати патниците за полуфиналните дуели. Во Љубљана ќе патуваат Франција и Црна Гора, а утрешниот ден ќе треба да го донесе последниот патник кој ќе се бори за директен пласман на Светското првенство 2023. Франција ја совлада Германија и уште денес и овозможи на Црна Гора да се радува на нов пласман меѓу најдобрите во Европа. Скопје е среќно за Црна Гора и капитенот Јованка Радичевиќ која го игра последниот турнир за својата земја...