Тимот на Скопје, по Давор Шокоски, го промовираше и второто засилување пред стартот на новата сезона.
Станува збор за младиот кружен напаѓач Кристијан Стојаноски, кој има 20 години и потекнува од тимот на Вардар.
По настапите во „црвено-црниот“ тим, Стојаноски беше дел од Голден Арт и прволигашот Македонија Ѓорче Петров.
Скопје претходно го промовираше и новиот стратег Оливер Димитриоски, како и Шокоски, а се очекуваат уште нови имиња пред стартот на подготовките.
Тимот го напуштија голманот Никола Радовановиќ и кружниот напаѓач Игор Трајковски.