Скопје загуби од Пролет и преку бараж ќе брка опстанок во Супер лигата

Ракометарите на Пролет ја остварија својата 10. победа во последното коло од плеј-аутот во Супер лигата откако на домашен терен ја совладаа екипата на Скопје со 28:22 и ја пратија во бараж за опстанок.

Скопје имаше тешка задача на гостувањето против водечкиот Пролет во плеј-аутот да обезбеди победа со која ќе избегнат бараж за опстанок во Супер лигата. Сепак ракометарите на Пролет не дозволија изненадување и стигнаа до сигурна победа.

Во првото полувреме се играше гол за гол без поголема предност на едната или другата страна. На паузата Пролет стигна до два гола преднсот, 15:13. Во продолжението сите обиди на Скопје домаќините ги одбија без поголеми проблеми и забележаа нова победа.

Најефикасен во тимот на Пролет беше Мартин Димов со девет погодоци, додека шест постигна Жарко Пејовиќ. Леонид Киселовски со седум гола беше прв стрелец кај Скопје, четири гола постигна Грујовски.