Тимот на Скопје го ангажираше третото засилување во пресрет на новата суперлигашка сезона што ќе започне во септември.
Ново име во составот на Скопје ќе биде десното крило Дамјан Јакимовски, кој доаѓа од прволигашот Работнички, а потекнува од школата на Вардар.
Претходно Скопје го реши тренерското прашање со ангажманот на Горан Кузманоски, а дојдоа уште два двајца нови ракометари.
Тоа се голманот Никола Радовановиќ и пивотот Игор Трајковски, а од екипата си замина левиот бек Александар Василевски, кој се врати во Пролет.
Скопје во новата сезона ќе биде дел од групата Б со Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш, Пролет, Радовиш, Јуниор КВ и Голден Арт.