Ракометарите на КЛ 7 успеаја по вторпат сезонава да го совладаат тимот на Аеродром овој пат на гостински терен со 37:30.
Гостите ги добија двете полувремиња со приближно иста разлика. Во првиот дел беа подобри за три гола со 17:14, а во вториот со четири, 20:16.
Неизвесноста траеше во првата половина од првото полувреме, а потоа гостите успеаја да направат предност. После 8:8, прво стигнаа до 10:8, а потоа и до 15:10, но не ги зачуваа овие пет гола до крајот на полувремето.
Во вториот дел постојано разликата се движеше околу пет гола, но како мечот се доближуваше до крајот водството на КЛ 7 одеше кон седум погодоци со кои беше финиширана средбата.
Без разлика на резултатот и КЛ 7, но и Аеродром не би требале да имаат проблеми за палсман во плеј-офот. КЛ 7 веќе е сигурен додека Аеродром е на чекор од обезбедување на место.
АЕРОДРОМ – КЛ 7 30:37 (14:17)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.
АЕРОДРОМ: Трајчевски, Блажевски, Павличковски, Ивановски, Стојчевски, Лефковски 9, Шумовски 1, Стевановски 1, Маркудов 2, Спасовски 6, Стојановски, Пешевски, Пејковски, С. Блажевски 2, Стојчевиќ 4, Танев 5.
Седмерци: 4/5, Исклучувања: 16 мин.
КЛ 7: Богдановски 1, Џигероски 5, Трајковски, Стојков 7, Крстески, Цветаноски 1, Миленков, Даев, Ѓорѓиев 5, Петрески, Каковски 1, Симоноски 3, Илиески, Павлов, Димовски 9, Гучески 5.
Седмерци: 3/4, Исклучувања: 10 мин.