Скок-шут, гол и неверување на клупата – потскокнаа Хансен, Раул, Кристопанс…(ВИДЕО)

ПСЖ загуби на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите на гости кај Веспрем со 34-31, иако во поголем дел од мечот имаше водство и диктираше резултат. Еден од погодоците што треба да бидат одбележани е оној на холандскиот репрезентативец Лук Стеинс. Додека се одеше како што треба на теренот, расположението на клупата беше одлично, а кулминираше кога Стеинс направи нешто што никој не го очекуваше од него. Тој постигна гол со скок-шут, што секако не би било чудно ако се знае дека 172 цм високиот среден бек пред себе не ги имаше „џиновите“ Благотиншек и Сипос. На овој гол не останаа рамнодушни ни неговите соиграчи и Раул Гонзалес, кој со неверување потскокнаа од клупата. Погледнете.....