Изминатите денови големо внимание во европската ракометна јавност привлече одлуката на Европската ракометна федерација да го суспендира на четири години босанскиот репрезентативец Ален Овчина.
Тој во октомври минатата година падна на допинг тест, а Ракометниот Суд на ЕХФ донесе одлука за висока казна.
По објавувањето на одлуката, Овчина се огласи на социјалните мрежи.
„Како спортист, репрезентативец и како човек, имам потреба да се обратам на своите пријатели, навивачите и пошироката јавност по одлуката за суспензија од страна на ЕХФ. Дел од суплементите што ги користев беа од различен производител од претходно, па се испостави дека содржат недозволена сусптанца – анаболички стероид. Во текот на целата кариера правев десет допинг тестови и никогаш не сум бил позитивен. За жал добива најстрога можна казна и скапо ќе ја платам својата непромислена одлука и неинформираност. Сметам дека најголема штета си нанесов себе, на семејството, но животот мора да продолжи понатаму и заедно ќе ја пребродиме оваа ситуација“, напиша Овчина.
Тој е поранешен ракометар на Грачаница, Босна Сараево, Слобода Тузла, Војводина, Анталија и Ал Шамал.