Селекцијата на Катар која чинеше многу пари со натурализација на повеќе ракометари и ангажирањето на Валеро Ривера за СП во 2015 година, полека го губи квалитетот,а едно полувреме во победата од 30:25 над Ангола беше на „стаклени нозе“.
Катарците имаа тешко прво полувреме во кое долго беа и во негатива. Ангола која е меѓу аутсајдерите на овој шампионат беше и повеќе од рамноправен ривал. Тешката игра носеше и резултат кој не одговараше.
И покрај тоа што се играше многу тешко во напад, а во одбрана лесно се оставаше простор селекцијата на Катар замина на одмор со предност од еден гол и имаше водство од 14:13.
Само што почна вториот дел работите дојдоа на свое место. Брзо беше обезбедена предност која долго се движеше меѓу четири и пет гола, а победникот беше решен рано. Во финишот дојде и до опуштање, па средбата заврши со 30:25 инаку резултатот можеше да биде сосема поинаков.
Ангола не беше ривал кој можеше да издржи 60 минути, но факт е дека и Катар тешко ќе може до нешто повеќе кога ќе дојдат пресметките со посилните состави.