Рокот на Светската ракометна федерација за поднесување на апликациите за организација на СП 2029 и 2031 истече на 30 јуни.
Во јавноста досега беше објавено дека Исланд заедно со Данска и Норвешка, веќе поднесоа апликации за организација на мундијалите.
Според повеќето медиуми кои следат ракомет, трите европски земји добиваат силна конкуренција во Саудиска Арабија. Трансферите на европски ракометари се повеќе станаа секојдневие во Саудиска Арабија, добиваат богати договори, а ракометот станува се попопуларен.
Откако оваа земја се откажа од организација на фудбалскиот Мундијал во 2030 година, веројатно ќе сака да добие ракометно СП. Селектор на Саудиска Арабија е Зоран Кастратовиќ, додека тренер на голмани е Кристијан Грчевски.
Досега ретко се случувало неевропска земја да добие организација на Мундијал. Првпат тоа беше случај во 1997 во Јапонија, а потоа во 1999 година во Египет, па 2005 во Тунис, 2015 во Катар и во 2021 во Египет.