Во текот на вчерашниот ден, во полскиот град Остров Вилкополски беше упасен полскиот стратег Павеел Русак, пишува „Спортове Факти“.
Ова се случило по пријавата во полицијата на возрасен маж, кој пријавил до органите на прогонот дека наводно бил сексуално малтретиран од осомничениот за време на неговото детство и основно образование.
Порталот „Ostrow24“, тврди дека обвинетиот на кој му се заканува казна затвор до 12 години според полските закони, во тоа време му бил професор по физичко образование и ракометен тренер на малолетникот.
Русак во моментов е тренер на женскиот тим на Калиш, кој е лидер во Втората лига, а своевремено беше дел и од машкиот тим.