Во француските медиуми се појави скандалозна информација дека во Нант на своите ракометарки им правеле тест за бременост без тие да знаат.
Шест ракометарки дознале дека без нивно знаење се тестирани со тест за бременост. Поддршка добија и од здружението на ракометарки кои се огласија преку соопштение. Овие информации ги демантиреше претседателот на клубот Арно Понро.
„Тестовите не се правени илегално или без знаење на ракометарките. Напротив, тие се спроведени со цел да ги заштитат нив. Од соопштението на ракометарките единствено точно е дека се правени тестови. Но, две работи не се точни. Тестовите не беа илегални и не се правени без нивно знаење“, рече претседателот на клубот.