Тимот на Босна Виспак од Високо, го загуби седмиот натпревар во седмото коло од лигата на Босна и Херцеговина.
Босна беше поразена на домашен терен од составот на Криваја Завидовиќи со 31-33, а потоа раководството се огласи на социјалните мрежи и откри дека во составот имале ракометари со симптоми на коронавирус.
„Криваја намириса крв и не сака да се одложи мечот. Победија, и ете нека ги носат бодовите. Тие се освојуваат и се губат, но образот и пријателите не можете да ги сочувате со вакви потези“, обвинија од Босна Виспак.
Сепак и тие се посрамотија уште повеќе, бидејќи играа со шест ракометари во ростерот, кои не се чувствувале добро и имале симптоми на Ковид-19, а за тоа дури и објавија на сопствениот фан-пејџ на социјалните мрежи!
Дали ќе има некаква реакција од федерацијата на Босна и Херцеговина останува да видиме.