Раководството на Азераил од Азеребејџан за настапите во ЕХФ Европскиот Купот во женска конкуренција во својот тим регистрирал „ракометарка“ која воопшто не била моментално активна во ракометот, односно била вработена во структурите на Ракометната федерација во Азеребејџан како секретар за републичките првенства и куп натпревари.
43-годишната, Фарида Алиева била вклучена во пријавата на тимот кој е под капата на федерацијата, за дуелите против Панорама во Солун од второто коло на Европскиот куп, но и покрај тоа што отпатувала во Солун, сепак не била во ростерот за двата натпревари против грчкиот тим.
Во 2018 година од Министерството за млади и спорт на Азеребејџан и била доделена титулата почесен работник за физичко образование и спорт.
На сајтот на ЕХФ може да се забележи дека Фарида Алиева е регистрирана како среден бек со број 18. Заклучокот на тамошните медиуми е дека вистинската намера за нејзиното регистрирање во ЕХФ е веројатно поради добрата дестинација – Солун, па сигурно бил направен добар шопинг.
Иначе, голем број на играчи во Азеребејџан ги бојкотираат тренинзите на нивните клубови кои се спонзорирани од федерацијата, поради доцнењето и скратувањето на платите од страна на Ракометната федерација.