Си остана на зборот – ќе игра ракомет со едно око!

На почетокот на месец јуни оваа година, шпанскиот клуб Логроњо ја информираше јавноста дека нивниот ракометар, Антонио Серадиља бил подложен на операција за отстранување на десното око поради тумор на очното јаболко.

Поради операцијата, Серадиља беше надвор од терените, но пред почетокот на престојната сезона вети дека ќе се врати назад во ракометот.

Неговата операција беше успешна, додека посебните терапии и тренинзи за моторика и координација на самиот ракометар му помогнаа во неговото враќање и борбата за секој предизвик.

Младиот ракометар ќе тренира со специјални очила, со кои исто така ќе влезе на теренот за време на натпреварите во новата сезона. Ракометарот од шпанскиот клуб не е единствениот во ракометот кој имал ваков случај.

Поранешниот репрезентативец на Полска, Карол Биелецки исто така играше без едно око, но тоа не беше никаков проблем да ја освои Лигата на шампионите со Келце во сезона 2015/2016.