Репрезентацијата на Словенија си обезбеди најмалку квалификации за Олимписките игри во Токио уште вчера откако Шведска славеше на дуелот против Унгарија. Сепак, откако денеска Португалија славеше исто така над Унгарија стана јасно дека Словенците ќе играат полуфинале.
Меѓутоа има една работа која некако се подзаборава, а таа е додека не се завршат барем полуфиналните дуели селекцијата на Словенија уште има шанси за директен пласман на Олимписките игри. Со оглед на тоа што Европскиот првак оди директно на Олимпијада јасно е дека и Словенија има свои шанси за да успее да дојде до игрите во Јапонија.
Сите четири селекции во полуфиналето сега имаат во најмала рака квалификации, па затоа една од нив на крајот ќе заврши директно на игрите. Доколку Словенија успее да биде најдобра и да направи огромен успех станувајќи Европски првак најголема радост ќе има кај ракометарите од Австрија кои ќе можат на тој начин да се најдат во квалификациите за Олимписките игри.
Вистинскиот изглед на квалификациските групи ќе се знае дури в недела. Тогаш ќе се знае која од селекција оди директно и какви поместувања ќе има во групите каде што веќе има осум репрезентации.