Сите тестови се негативни, се чека само на повик од ИХФ!

Сите тестови на македонските ракометари кои беа направени синоќа се негативни. Репрезентативците се уште се во карантин во еден од скопските хотели и ја чекаат разврската.

Повикот за пат кон Египет би требало да се случи денеска или најдоцна до утре, кога би требало да се лета кон африканската земја.

Будно се следат ситуациите со сите селекции кои имаат позитивни случаи во голем број, а особено САД со 18 и Зеленортските Острови, кои имаат седум заразени ракометари.

Американците најавија дека ќе патуваат со 12 ракометари за Египет, но се уште не познат ставот на ИХФ кон ова прашање.

Покрај Македонија и селекцијата на Швајцарија се собра и ја очекува разврската пред стартот на Светското првенството.