Данскиот голман Емил Нилсен кој беше поврзуван со трансфер во Барселона ги коментираше пишувањата на медиумите ширум Европа за неговата преселба во Шпанија.
Гласините беа дека Барселона и Нант преговараат за негов трансфер и дека после сезонава ќе се пресели во шпанскиот клуб. Сепак Нилсен ја отфрли таа можност и сè додека му важи договорот со Нант тој останува во клубот.
„Видов дека медиумите пишуваат за ова, но јас тоа не можам сега да го коментирам. Да, Барселона е голем и фантастичен клуб, мислам дека сите ракометари сонуваат да играат таму. Со Нант имам договор до летото 2022 година. Во Франција ми е добро, а Нант е исто така сериозна екипа и тука можам да се развивам“, рече Нилсен за sport.tv2.dk.
Нилсен се приклучи на Нант во 2019 година, имаше одлична прва сезона и привлече големо внимание од повеќе европски екипи. И покрај најавите за заминување сепак одличниот млад голман ќе остане во Нант уште две сезони.