Сите се за Вардар, Вардар е за сите! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Сите се за Вардар – Вардар е за сите!!!

Вардар обезбеди големи два бода против Алборг и сега веќе има пет поени после три одиграни средби во Групата А со што се промовира во кандидат за битка за највисок пласман. Победата од 30:28 против европскиот вицешампион е доказ дека тимот е подготвен за висок дострел и дека сите кои се во екипата се подготвени за да покажат дека можат да се борат со секого. Како и минатиот пат против Мешков Брест, така и сега, публиката беше на највисоко ниво и заслужија десетка за поддршката на вардарци.