За разлика од лани, кога малку клубови беа заинтересирани за играње во европските купови, сега ситуацијата е различна. Се пријавија дури 254 клубови, меѓу кои има и седум македонски.
Во Лигата на шампионите стандардно ќе бидат активни 32 клуба, по 16 во машка и женска конкуренција. Македонски претставник ќе биде Вардар.
Во Лигата на Европа, кај мажите има пријавени 52 тима, меѓу кои и македонските Еурофарм Пелистер и Пролет, додека кај дамите, ќе играат 39 клубови.
Во Eвропскиот Куп, кај мажите има во конкуренција дури 74 клубови, па таму ќе мора да се стартува и од прво коло, за разлика од претходните сезони, кога немаше доволно екипи, па стартот беше од второто коло.
Во третото по ранг натпреварување кај дами има пријавени 57 тима, меѓу кои и четири македонски – Вардар, Металург, Чаир и Деспина, кои ќе стартуваат од првото коло.
Ждрепката, на која четирите женски тима и Пролет, ќе ги дознаат своите ривали ќе се одржи на 20 јули во Виена со почеток во 11:00 часот.