„Сите очекуваа да се ‘заколеме’ со Вујо, а ние испивме кафе“

Во деновите на најголемото ривалство меѓу Металург и Вардар далеку прочуен е „инцидентот“ околу трансферот на Додер, непосредно пред финалето во Купот на Македонија.

„Преговорите со Додер беа правени од мојот службен телефон и попладнето кога го имавме соочувањето со Вујо, кое се случи токму во ’Борис Трајковски’ се едни од оние стресни моменти во кариерата. Имав физички контакт со Вујо. Тој со Лино вербално се соочи додека мене ме фати за лице и ме турна. Се случуваше потоа, тоа што се случуваше, а веќе следното утро јас седев во едно кафуле во кое редовно пиев кафе, и таму се појави Вујо, Со оглед на ситуацијата од претходната вечер сите очекуваа нешто да се случи во секој момент, дека ќе се ’заколеме’, а ние само пиевме кафе. Јас, Мојсо и Ванчо секогаш имавме посебен однос со Вујо затоа што тој ни беше тренер во Вардар и иако бев изреволтиран, сето тоа го сведовме на момент, реакција во афект”, се потсетува Александар Петровски, кој тогаш беше помошник тренер во Металург.

Подолу прочитајте го интервјуто со Александар Петровски…

ИНТЕРВЈУ АЛЕКСАНДАР ПЕТРОВСКИ: Делам љубов за три клуба – Пелистер, Металург и Вардар