Коронавирусот не престанува да прави проблеми во ракометот ширум Европа, многу натпревари се одложени, а уште еден клуб од Шпанија пријави голем број позитивни ракометари.
Како што објавија на официјалниот сајт од шпанскиот клуб Нава сите ракометари и останати членови на стручниот штаб кои биле дел од натпреварот со Бидасоа од домашното првенство се во самоизолација.
Причина за ова се 17 позитивни тестови на Ковид-19 на ракометари и други лица од екипата на последното тестирање. Уште на неколку сомнителни случаи направени се дополнителни тестирања, но сепак тие се негативни и бројот на заразени останува 17.
Нава веќе пропушти два натпревари кои требаше да ги игра против Хуеска и Бенидорм. Останува неизвесно кога ракометарите ќе се вратат на тренинзи и натпревари.