В недела на 31 јануари ќе се одржи редовното Годишно собрание на РФМ, на кое една од точките е избор на претседател на македонската ракометна куќа. Актуелниот претседател Живко Мукаетов ќе добие уште еден мандат и во наредните четири сезони ќе биде на чело на РФМ.
Мукаетов ја доби поддршка од сите клубови и ракометни здруженија со право на глас, вкупно 54.
Тој дојде како прв човек на РФМ во 2013 година, а за сите овие година додека е на претседателската позиција, машката репрезентација беше учесник на сите големи натпреварувања. Во 2017 година, РФМ ја доби и организацијата на ЕП за жени во сениорска конкуренција во 2022 година, а редовно сме домаќини и на првенства во младинските категории.