„Сите заостанати плати ги добивме, се надевам нема да имаме такви проблеми во новата сезона“

Тимот на Келце е на добар пат да ги реши финансиските проблеми и во новата сезона да игра без грижи.

Ракометарите потврдија дека ги добиле сите заостанати плати од почетокот на оваа година, а претседателот Бертус Сервас најави и влегување на нови спонзори.

Белорусинот Владислав Кулеш во интервјуто за „Брз Центар“, вели дека сите задоволни ќе ги почнат подготовките за новата сезона.

„Во текот на минатата сезона имавме многу причини да бидеме несреќни, но си рековме ајде да работиме, па ќе биде подобро. Ретко се зборуваше за пари. Верувавме во нашиот претседател Бертус Сервас дека ќе најде финансии и ќе ги плати сите долгови. Си го одржа зборот. Тоа беше првата работа што ја чув кога стигнав во Келце. Ни ги исплатија сите заостанати плати и се надеваме дека во иднина се ќе биде добро. Продолжува потрагата по нови инвеститори“, вели Кулеш.

Келце ќе има изменет ростер во новата сезона, заминаа неколку искусни ракометари како Агинагалде, Јуркевич, Лијевски…а доаѓаат млади како Трастарсон, Гудјонсен, Турна…Полскиот тим ќе биде ривал на Вардар во групите од Лигата на шампионите.