Селекцијата на Хрватска со поразот од Данска ги загуби шансите за полуфинале на Европското првенство и сега најмногу што може е избраниците на Хрвоје Хорват да стигна до борба за петто место.
Некогашниот селектор на Македонија и Хрватска, Лино Червар, во анализата на дуелот против Данска за „Индекс“, посебно се осврна на десниот бек на Еурофарм Пелистер, Матео Мараш, кој го имаше сениорското деби.
„Момците не натераа и нас пред малите екрани да скокаме, да се веселиме, да се внесеме во натпреварот. Кој би рекол пред натпреварот дека малиот Мараш ќе одигра вака и дека ќе постигне неколку голови? Никој, ете кој. Сите го пцуеја Хорват кога го внесе во игра, а тој Мараш мораше и претходно да биде во тимот. Знам како е да се биде селектор на Хрватска, мене секогаш ми бараа влакно во јајце, дури и кога освојував медали. Но задоволен сум како реагираше Хорват, бидејќи ова е единствен начин во иднина да имаме силна репрезентација“, вели Червар.
За Хрватска останува да ги одигра уште натпреварите против Исланд и Холандија од главната рунда на ЕП.