Разигрувањето за титулата во Суперлигата ќе започне еден ден порано од планираното поради собирот на репрезентацијата.
Иако според распоредот беше најавено дека натпреварите од плеј-офот ќе се игра на 6 и 7 март, сепак три средби ќе се играат на 5 март. Само дуелот Вардар – Еурофарм Пелистер 2 би требало да се одигра на 6 март, со оглед на тоа што вадарци на 4 март имаат дуел од Лигата на шампионите со Мешков Брест.
Собирот на националниот тим ќе биде на 6 март на пладне, а во следните два дена ќе треба да биде комплетиран составот на Кире Лазаров со доаѓањето на интернационалците.
Македонија ќе се соочи со светскиот првак Данска на 11 март во Скопје од 20:00 часот, додека реваншот во Алборг ќе се игра на 14 март од 16:00 часот. Овие две средби се од квалификациите за Европското првенство.
Суперлига, плеј-оф, двојки:
Вардар – Еурофарм Пелистер 2
Еурофарм Пелистер – Струга
Бутел Скопје – Охрид
Пролет – Металург