Европската ракометна федерација го објави рапоредот на натпреварувања за наредната сезона. Според плановите на ЕХФ натпреварувањата би требало да започнат на крајот на август со квалификациите во новото натпреварување Лига европа.
Натпреварите во машката и женската Лига на шампиони ќе започнат во септември, додека првите репрезентативни дуели се очекува да се играат во октомври кога жените ќе играат квалификациски натпревари за Светското првенство во 2021 година. Во продолжение сите термини за одигрување на натпреварите.
Од македонските екипи во Европа ќе играат Вардар, Еурофарм Пелистер, Металург, Бутел Скопје, Охрид, Куманово, Чаир и Пелистер, додека сениорите ќе бидат активни во квалификациите за СП 2021 година, а сениорите во квалификациите за ЕП 2022 година.
Клупски натпреварувања:
16 јуни, ждрепка за квалификации за ЕП 2022 година, мажи
18 јуни, ждрепка за ЕП 2020, жени
1 јули, ждрепка за групната фаза, Лига на шампиони, мажи и жени
29 – 30 август, 1 коло квалификации, Лига на Европа, мажи
4 – 5 септември, Ф4 Лига на шампиони, жени
12 – 13 септември, 1 коло ЕХФ Куп, мажи и жени
12 – 13 септември, 1 коло Лига на шампиони, жени
12 – 13 септември, 1 коло квалификации, Лига на Европа, жени
16 – 17 септември, 1 коло Лига на шампиони, мажи
28 – 29 декември, Ф4 Лига на шампиони, мажи
Репрезентативни натпреварувања:
Квалификации за СП 2021 година за жени
28 септември – 4 октомври 2020 година, 1 и 2 коло
23 – 30 ноември 2020 година, 3 и 4 коло
30 ноември – 2 декември 2020 година, 5 и 6 коло
16 – 21 април 2021 година, бараж дуели
3 – 20 декември 2020 година, ЕП Норвешка и Данска
Квалификации за ЕП 2022 за мажи
2- 8 ноември 2020 година, 1 и 2 коло
8 – 14 март 2021 година, 3 и 4 коло
28 април – 2 мај 2021 година, 5 и 6 коло
13 – 31 јануари 2021 година, СП Египет