По Дино Славиќ (Лимож), Жељко Муса (Криенс) и Чаба Лејметер (Балинген), на крајот на сезоната од хрватскиот првак Загреб ќе си замине уште еден ракометар.
Станува збор за кружниот напаѓач Никола Граховац, кој потпиша договор на две години со германскиот тим, кој наредната сезона би требало да се пласира во Бундес лигата.
„Плинарите“ ќе мораат добро да го одврзат ќесето и да побараат квалитетни замени ако сакаат да го задржат нивото на кое што се сега.
Од актуелниот играчки кадар Тимур Дибиров и Стефан Додиќ имаат договори до крајот на сезоната, исто така и Јаков Гојун е со обврски кон Загреб до крајот на јуни, па доколку не бидат продолжени, Загреб ќе го чека долго и жешко лето на трансфер пазарот.
Загреб има одлична шанса да стигне до осминафиналето на Лигата на шампионите, бидејќи се наоѓа на шестото место на табелата во групата А со осум бода, но Висла Плоцк опасно се закани и има седум, па Славко Голужа и неговите избраници нема да имаат лесна задача до крајот на групната фаза да го задржат шестото место.