Симоноски: Покажавме карактер против Прилеп

Екипата на Голден Арт КЛ7 направи изненадување во првото коло од плеј-аут битката за опстанок во Супер лигата. Ракометарите на Игор Котевски триумфираа во Прилеп против истоимената екипа со 33:31 и покажаа дека ќе бидат тврд противник за секого.

Втор стрелец во победничката екипа беше Кристијан Симоноски со седум постигнати голови. Младиот ракометар е задоволен од прикажаната игра во Прилеп и се надева на опстанок во Супер лигата, а со тоа и задржување на суперлигашкиот статус на неговиот клуб.

„Пресудно за победата беше нашата физичка и тактичка подготвеност. При негатива од четири разлика, иако млада екипа покажавме голем карактер, успеавме да се вратиме во игра и на крај да победиме. Како за прв натпревар во пролетниот дел од првенството, задоволен сум од прикажаната игра, но секако дека можеме уште подобро, а со тоа и да обезбедиме опстанок во Супер лигата”, изјави Симоноски за 24 Ракомет.

Во второто коло, Голден Арт КЛ7, силите ќе ги одмери со екипата на Јуниор К.В на домашен терен. Натпреварот се игра на 18 март .